СДСМ: Мицкоски призна дека копнее по Груевски

1 min read

Созцијалдемократскиот сојуз вечерва издаде соопштение во кое реагира на изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за ТВ21.

Еве ја во целост реакцијата на СДСМ:

„Со вечерашното изразено жалење што Никола Груевски не е присутен во државата, Христијан Мицкоски призна дека копнее по неговиот ментор и шеф, осуден криминалец во бегство.

И вечерва Мицкоски не се огради за криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник, за кои има дузина судски пресуди со затворски казни и серија признанија од високи функционери на партијата.

Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија, симбол на криминал и корупција. Самиот Мицкоски е опркужен со кадри на режимот кои се дел од судски процеси за милионски криминал, корупција и злоупотреба на парите на граѓаните.

Талир, Титаник, Моќник, Плацеви на Водно и безброј други предмети пред македонските судови. Тоа е ВМРО ДПМНЕ“, велат од владејачката партија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Играа заедно во Спортинг, а сега еден против друг за мундијалски „билет“!

Следно

Руските сили го нападнаа центарот за рехабилитација за деца во Мариупол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian