САД ВО ЕВРОПА ГО ПРАТИ ЛЕТЕЧКИОТ ПЕНТАГОН – моќното чудовиште е направено да издржи нуклеарен удар, има 18 кревети, шест бањи и најважното!

2 mins read

Америка во Европа го пратила авионот познат како „летечки Пентагон“, дизајниран да издржи нуклеарен удар.

Се смета дека авионот, познат и како „Doomsday“ е дел од флотата авиони кои патуваат со американскиот претседател Џо Бајден додека го посетува Брисел за да разговара со другите светски лидери за војната во Украина, пишува „The Independent“.

„E4-B“, модифициран „Boeing 747“, е забележан како лета над Ла Манш додека воените тензии се зголемуваат поради страв дека Владимир Путин би можел да користи нуклеарно, хемиско или биолошко оружје. Воздушните сили на САД имаат четири авиони „E-4B“, а овој лета под името „Nightwatch“, одреден како командно-контролен центар во случај на нуклеарен напад.

Направен е да издржи електромагнетен удар од нуклеарна експлозија

Дизајниран да издржи електромагнетенудар од нуклеарна експлозија, летечкиот Пентагон би послужил како воздушна база за американскиот министер за одбрана и високиот воен персонал за спроведување на воени операции.

Авионот вреден 200 милиони долари, кој може да пренесува 112 членови на екипажот, има 18 кревети и шест бањи, соба за состаноци, конференциска соба, работни соби и простории за команданти.

Испакнатината од неговата горна страна, наречена „радарска купола“, содржи десетина сателитски чинии и антена која може да праќа команди до било кој американски брод, подморница или авион било каде во светот.

Во секој момент подготвен за полетување

Американските власти обично остануваат мистериозни во врска со „Nightwatch“, но познато е дека има топлинска и нуклеарна заштита и дека може да лета со денови со полнење на гориво од воздух. Се смета дека прозорците на авионот се покриени со мрежа за персоналот да биде заштитен од било каква експлозија.

„Doomsday“ во секој момент е подготвен за полетување, а во средата полетал од Вашингтон, ги преминал Атлантикот и Ла Манш пред да тргне во базата на РАФ во Суфолк.

НАТО вели дека на Украина ќе и обезбеди опрема за заштита од нуклеарно, хемиско, биолошко и радиолошко оружје. Бајден предупредил на “реалната закана” дека Русија ќе употреби хемиско оружје, како што тоа го направила во Сирија.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Големата победа на Македонија во Палермо и во цртани филмови!

Следно

Вучиќ: Ако Србите на Косово организираат избори, албанската полиција ќе пука на нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian