Рецепт за прочуениот специјалитет од тесто: Фокача е бисерот на италијанската кујна

2 mins read

Италија е земја на високата мода, убавите жени, но и на специјалитетите од тесто. Фокача е еден од оние типично италијански јадења создадени за утринско уживање со семејството.

Се пече на трациционален начин – во рерна, а специфична е по тоа што одозгора се украсува со зачински билки и со додатоци во вид на зеленчук.

Вкусовите на единствената италијанска кујна денес можат да се најдат на вашата трпеза со само малку труд.

Состојки:

– 400 гр брашно за кревање тесто
– 100 гр меко брашно
– 350 мл топла вода
– 1 ќесичка шеќер
– 1/2 коцка свеж квасец
– 1/2 лажичка сол
– 50 мл маслиново масло

Состојки за фил:

– 3 лажички маслиново масло
– 2 чешниња лук
– 2 домати
– 5 маслинки
– 1 гранче рузмарин
– 1 лажичка крупна морска сол
– 1 лажичка оригано

Подготовка:

Квасецот помешајте го со топлата вода, додадете го шеќерот, па оставете го тестото 15 минути за квасецот да се активира.

Во друг сад помешајте ги брашното, солта и со активираниот квасец замесете тесто да се одвојува од ѕидовите од садот. На крајот додадете маслиново масло и месете уште една минута.

Тестото покријте го со крпа и оставете го половина час да отстои на собна температура.
На работната површина посипете малку брашно, па премесете го тестото. Плехот во кој ќе го печете, намачкајте го со масло, ставете го тестото па со прстите развлечете го во тенка погача.

Тестото повторно покријте го со крпа и оставете го уште половина час да отстои. За тоа време подгответе го филот.

Доматот, лукот и маслинките исечкајте ги на ситни парчиња. Во мал сад измешајте лук, маслиново масло и оригано.

Кога тестото повторно ќе нарасне, со врвовите на прстите направете вдлабнатини на површината од тестото, па премачкајте го со смесата од лукот и маслиновото масло.

Тестото посипете со маслинки, домат и сол.

Фокачата печете ја во загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу 15 минути.

Кога ќе биде готова, декорирајте ја со рузмарин и послужете.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко: Војната во Украина ги засега сите во Европа

Следно

„Слимлајн“ се товари за измама на потрошувачи – нивната одбрана е дека Агенцијата за храна треба да го контролира составот на капсулите за слабеење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian