Пратениците и министрите на СДСМ се заробеници на ДУИ, вели Мицкоски

2 mins read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во гостувањето на ТВ21, на прашањето како ја гледа актуелната коалиција СДСМ-ДУИ, одговори дека 15 пратеници на ДУИ владеат со 40 на СДСМ и тоа, според него, е лошо за државата.

„Јас сум го кажал мојот став. Пратениците и министрите на СДСМ се заробеници на ДУИ. Сега ова можеби ќе го зголеми рејтингот на ДУИ, но тоа е фактичката состојба. Овие 15 пратеника, владеат со оние 40. Таму се Бујар, Крешник и Артан. Од другата страна го имате Ковачевски. Дали некој знае кој е вицепремиер за борба против корупција. Јас не знам како изгледа. Јас ако не го видев министерот за правда на натпреварот во Палермо, немаше да знам дека е тука. Секоја чест како успеаја овие со 15 пратеника да ги надвладеат овие 40. Но, лошо е тоа за државата, се чувствуваат прекомотни“, рече Мицкоски.

Тој вели и дека не ја гледа поврзаноста меѓу конфликтот на Украина и одржувањето на предвремени парламентарни избори во Македонија.

„Навистина не можам сето тоа да го ставам под знак на еднаквост. Украина си е Украина, Македонија си е Македонија. Сега што треба, Макрон да излезе во Франција и да рече ги одложувам претседателските избори се додека не се реши конфликтот во Украина? Или да излезат сега Орбан и Вучиќ и да речат ги одложуваме парламентарните избори додека не се реши конфликтот во Украина? Каква е таа безвезна логика, јас навистина не можам да разберам“, посочи Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, или треба власта да се држи до збор, или да излезе и да каже „Мила ни е власта, партизираме институции, го крадеме народот, уживаме привилегии и сакаме што подолго таму да останеме“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Двајца Македонци во тимот на колото по првите баражи за СП 2022!

Следно

Три кинески компании класифицирани како опасни по националната безбедноста на САД

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian