Поубава честитка не можеше да замисли: Селекторот Милевски го слави 51 роденден

1 min read

И додека многумина прогнозираа финале Португалија – Италија во баражот за пласман на Светското првенство во Катар, сега целиот фудбалски свет зборува за големото изненадување Македонија.

Нашите најдобри фудбалери во Палермо ја остварија најголемата победа во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.

Во полуфиналето од плеј-офот успеавме да го елиминираме актуелниот европски шампион Италија и сега сме само на една победа од историско учество на Мундијалот.

Последна пречка ќе бидат Португалците кои пред своите навивачи ја совладаа Турција и токму во Порто на 29 март ќе ги пречекаат Македонците во финалето за пласман на СП 2022.

Еден од најзаслужните за новиот голем успех на А селекцијата е секако и селекторот Благоја Милевски кој денеска го слави својот 51 роденден.

Фудбалерите му го донесоа најубавиот подарок, а се надеваме дека за четири дена популарните „рисови“ повторно ќе се надминат себеси и ќе го запишат најголемиот успех во историјата на Македонија.

ФОТО: Победата на Македонија е главна вест во светските медуми

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нутриционист Тања Турунџиева: Невидливите симптоми на алергија може да предизвикаат депресија и главоболка

Следно

Ковачевски за МИА: НАТО ја притиска Русија економски, воен судир би значел конфликт од невидени размери

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian