Пар од Англија со хуман гест – купиле минибус за превоз на украински бегалци

1 min read

Двојка од Бристол, Англија, одлучи да им помогне на украинските бегалци, па купиле минибус со девет седишта за превоз на луѓе од Украина до Велика Британија. Тие ќе им помагаат на оние кои ги имаат потребните документи, да влезат во земјата.

Пол Хејвуд е поранешен јавен службеник, а Ема е возачка на камион. Таа има искуство со возење на долги релации во неколку земји.

Инаку, нивни пријател им дал 5.000 фунти (6.000 евра) за да го купат минибусот и 500 фунти за гориво. За да заштедат пари, за време на патувањето спиеле во возилото, меѓу помошта што ја превезувале.

– Минавме многу студена ноќ во Германија, сведочи Ема.

Имаат контакти и во Полска. Нивна пријателка од Бристол, која има украинско потекло, се надева дека тие ќе можат да ги превезат и нејзината мајка и сестри, а меѓу другото, и да помогнат околу патните исправи.

– Се трудиме да не бидеме премногу нервозни. Во мигов го третираме ова како патување, бидејќи тоа го правиме постојано. Гледавме вести и сфативме дека можеме да даруваме пари, но тоа нема да направи голема разлика, рече Ема.

Таа вели дека се свесни за предизвиците што ги чекаат на нивниот пат кон земјата разурната од војна. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Кошаркарско злато за основците од „Петар Поп Арсов“ од Карпош

Следно

ВИДЕО| Колона оклопни возила се движи кон Северно Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian