Македонија го слави пласманот во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар по победата над Италија во Палермо со 0:1.
Во вторник (29 март, 20.45 часот) во Порто избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе ги одмерат силите против Португалија за учество на Мундијалот.
Според најавите нашата А репрезентација денеска во 17.30 часот според програмата треба да слета во Скопје.
Воедно македонската сениорска селекција ќе ги поздрави присутните наши навивачи кои ќе бидат на плоштадот „Македонија“ по слетувањето во Скопје.
Веројатно околу 18.30 часот се очекува репрезентативците да пристигнат на плоштадот.