Јавното обвинителство за Алсат вели дека во надлежност на МВР е да ги идентификува и евентуално да ги процесуира пријавите против оние кои на синоќешниот собир во центарот на Скопје по победата на македонските фудбалери во Италија извикуваа антиалбански пораки, што е забележано на снимки кои се споделуваа на социјалните мрежи.
„Прашањето за кое покажувате интерес е во надлежност на МВР. Додека МВР ги идентификува сторителите на евентуално кривично дело и донесе дела по кои Јавното обвинителство оцени дека има елементи на кривично дело, ќе започнеме со активности согласно законот за нивно кривично гонење”, велат од Јавното обвинителство за Алсат.
Според Кривичниот законик, за изразување национална или етничка омраза и нетрпеливост, предвидени се затворски казни од една до пет години.
„Тој што со насилство, вознемирување, загрозување на безбедноста, изложување на исмејување на национални, етнички или верски симболи, оштетување туѓи предмети, сквернавење споменици, гробови или што било друго сака да поттикне или поттикнува национална омраза расна или верска, раздор или нетрпеливост се казнува со затвор од една до пет години“, пишува во член 319 од Кривичниот законик.