Насилен упад во РТС: Уапсени 40 членови на движењето „Достојни за Србија“ кои влегоа во зградата

1 min read

Припадници на српската полиција уапсија 40 членови на организацијата „Достојни за Србија“, кои наводно незадоволни од работата на РТС насилно влегле во зградата на таа медиумска куќа на улицата Таковска во центарот на Белград.

Полицијата без проблем ги извадила од зградата. Тие ќе бидат приведени во полициска станица за понатамошни дејствија.

За упадот е известен е и надлежното Обвинителство.

Српските медиуми јавија дека лицата сакале да предадат нешто во канцеларијата на РТС. Канцеларијата е отворена до 15 часот, а внатре останале и по работното време и не сакале да излезат. Полицијата добила повик од обезбедувањето. А кога пристигнала прижиле пасивен отпор, но полицијата без проблем ги извадила од зградата.

Кои се „Достојни за Србија“?

Движењето, кое има крајнодесничарски гледишта, е предводено од Душан Дунѓер, кој се претставува како „меѓународен експерт за бебедност и антитероризам“.

Програмата на „Достојни за Србија, како што е наведено на нивната веб-страница, содржи основни принципи кои даваат насоки за „сите што моментално не гледаат јасни патокази на тој пат и одговор како да излезат од окупаторската состојба“.

Тие самите наведуваат дека Народниот штаб не се помирува со тоа дека „окупацијата и ропството се природна состојба во која треба да живее човекот“.

„Достојни за Србија“ ” rel=”noopener” target=”_blank”>негира дека припадниците на движењето денеска насилно упаднале во зградата на РТС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МААЕ: Персоналот во Чернобил не е ротиран веќе четири дена

Следно

Болна исповед на хрватскиот музичар: Се разбудив покрај сопругата, таа беше мртва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian