Меган Маркл ќе има свој подкаст: Сакам да разговарам со жените за стереотипите околу нас

1 min read

Војвотката од Сасекс ја претстави првата серија на „Спотифај“ платформата, а тоа е подкастот во кој главна тема ќе бидат стереотипите кои ги следат жените.

Серијата ќе биде лансирана ова лето, а домаќин на серијата ќе биде Меган Маркл, која ќе разговара со историчари, стручњаци, но и жени кои искусиле различен вид стереотипи низ животот. Денес е објавен и трејлерот на проектот, наречен „Archevell Audio“ , пренесоа од „Hollywood Reporter“

„Ќе разговарам со жени кои многу добро знаат како овие стереотипи ги обликуваат нашите животи. Исто така, ќе зборувам и со историчари за да разберам подобро како воопшто стигнавме до тука”- изјави Меган.

Најавата на дебитантската серија доаѓа откако Меган и Хари изразија сериозна загриженост поради дезинформацијата за Ковид-19 на платформата.

Тие двајца потпишаа взаемен договор со гигантот за аудио стриминг, хостирање и производство на подкаст, за кој се проценува дека вреди околу 18 милиони фунти, кон крајот на 2020.

Досега имаат објавено само една епизода – празнично специјално издание со синот Арчи и славни гости.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Ако Србите на Косово организираат избори, албанската полиција ќе пука на нив

Следно

ФОТО: Двајца Македонци во тимот на колото по првите баражи за СП 2022!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian