Манчини: Вечерва се случи нешто неверојатно, ова е повеќе од разочарување

1 min read

Селекторот на Италија, Роберто Манчини очекувано, беше разочаран по поразот на „аѕурите“ од Македонија. Александар Трајковски голот вреден битка за пласман на СП во Катар против Португалија го постигна во 92 минута.

– Ова е повеќе од разочарување, немам што друго да кажам. Вечерва се случи нешто неверојатно. Заслуживме да победиме на Евро 2020, а сега немавме среќа. Но, тоа е реалноста. Жал ми е за фудбалерите – рече Манчини на прес-конференцијата.

Италијанските новинари ги интересираше дали поразот од Македонија ќе значи и заминување од селекторското столче.

– Ќе видиме, Сега сум и повеќе од разочаран за да зборувам за својата иднина. Но, во едно сум сигурен, овој тим има голема иднина и ги поддржувам фудбалерите сега повеќе од било кога – додаде Манчини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И Ангеловски им честита на фудбалерите: Ви честитам од срце на победата со Италија, уште еден чекор до СП

Следно

Денес се празнува: Свети Григориј Двоеслов, папа Римски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian