МААЕ: Персоналот во Чернобил не е ротиран веќе четири дена

1 min read

Вработените во постројката за радиоактивен отпад во нуклеарната централа „Чернобил“, која е под контрола на Русија, не се ротирани четири дена.

Украина не може да соопшти кога ќе биде направена смена, поради борбите во градот во кој ќивеат повеќето од вработените, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Украина денеска ја информираше МААЕ дека немало ротација на техничкиот персонал во Чернобил од 21 март и дека не знае кога би можела да биде следната смена, се вели во соопштението на МААЕ.

Персоналот што сега е на должност ја замени смената, што беше во нуклеарната централа повеќе од три недели. (МИА)

 

kurir.mk

Претходно

Обвинителството вели дека полицијата треба да открие кој извикувал антиалбански пораки

Следно

Насилен упад во РТС: Уапсени 40 членови на движењето „Достојни за Србија“ кои влегоа во зградата

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian