Кошаркарско злато за основците од „Петар Поп Арсов“ од Карпош

1 min read

Учениците од ООУ „Петар Поп Арсов“ од општина Карпош, го освоија првото место во кошарка за основни училишта во машка конкуренција на ниво на град Скопје, совладувајќи ги во финалето своите соперници од ООУ „Партенија Зографски“ од општина Кисела Вода, со резултат 56:46. 

Натпреварот се одржа во вторник (22.03.2022), во спортската сала „Шабан Трстена“ во општина Чаир, во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Училишниот тим од општина Карпош се пласираше во финалето, со убедлива победа над своите ривали од ООУ „Ацо Шопов“ од општина Бутел, со конечен резултат од 58:24. Овој пласман на младите карпошани им обезбеди понатамошно учество на натпреварите во кошарка за основни училишта на државно ниво, кои треба да се одржат во мај, годинава. 

skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | Криза е, но од здравството не смее да се крати: Буџетот на Националната програма за превенција од ХИВ е 40 отсто помал

Следно

Пар од Англија со хуман гест – купиле минибус за превоз на украински бегалци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian