И Ангеловски им честита на фудбалерите: Ви честитам од срце на победата со Италија, уште еден чекор до СП

1 min read

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски им честираше на фудбалерите за историската победа против Италија во баражот за пласман на СП во Катар.

– Момци Ви честитам од срце на победата со Италија, актуелниот Европски шампион. Уште еден чекор до Светското Првенство во Катар. НАВИВАМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА – порача популарниот Мрме.

Ангеловски ги предводеше „црвено-жолтите“ на историскиот настап на Евро 2020, а сега неговиот наследник Благоја Милевски има шанса за прв пат да ја однесе Македонија на Светско првенство. За тоа да се случи потребно е на 29 март да се победи Португалија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешко е да се објасни што ни се случи вечерва

Следно

Манчини: Вечерва се случи нешто неверојатно, ова е повеќе од разочарување

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian