Српската пејачка Гоца Тржан донесе одлука да го откаже учеството на „Беовизија“ (Изборот за Песна на Евровизија), за по петти пат да оди на ин витро оплодување во Прага со сопругот Радомир Новаковиќ.
Сепак, Гоца соопштила дека и овој пат не успеало вештачкото оплодување.
– Не би сакала сега да зборувам за тоа бидејќи ги добив резултатите и тие се негативни, не сум бремена – изјавила пејачката, пренесува „Блиц“.
Борбата на Гоца Тржан трае веќе подолго време, а пејачката секогаш кога се подготвува за процесот, се подложува на тешка хормонска терапија при која е исцрпена и слаба.
– Кога ќе доживеете разочарување, велите дека нема повеќе. Секој кој не поминал низ процесот на ин витро оплодување не знае како е тоа чувство. Ние се надеваме, сакаме и ќе се обидеме повторно, па што ќе биде. Не се откажуваме. Не знам дали пак ќе одиме во Прага. Задоволна сум со себе, остварена, немам ниту една причина да бидам несреќна. А, и јас не сум жена која така лесно се откажува. Сѐ додека не е ризично за мојот живот, ќе се трудам. Имам едно дете, ќерката Лена, која расте и треба да се грижам за неа. Најважно е да сум здрава – рекла Гоца и потоа додала дека не ја обесхрабруваат годините.