После вчерашната победа над Италија, сега погледите најдобрата македонска репрезентација ги насочува погледите кон својот досега најголем и најважен меч во својата фудбалска историја.
Сите веќе со нетрпение го чекаме големото финале кое ќе се одржи во вторник (29 март, 20.45 часот) помеѓу Португалија и Македонија кои ќе играат пред 50.000 навивачи на стадионот „Драгао“ во Порто.
Стефан Ристовски е еден од столбовите во нашата одбрана, капитенот кој заедно со своите соиграчи се на еден чекор остварување на мундијалскиот сон.
Дефанзивецот на Динамо Загреб им се заблагодарува на сите за поддршката, ветува дека Македонија ќе го даде максимумот да оствари уште еден голем резултат.
Ристовски веќе има почувствувано како е да се игра на еден од најголемите стадиони во Португалија додека беше играч на Спортинг Лисабон и дерби мечевите со Порто.
А интересно тогаш клупски колега и воедно голем пријател му беше една од сегашните најголеми ѕвезди во редовите на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш.
Ристовски и Фернандеш со Спортинг успеаја во сезоната 2018/2019 да бидат шампиони на Португалија, а двапати победникот во националниот Куп (2017/2018 и 2018/2019).
Portugal vs. Macedónia do Norte
O reencontro entre Bruno Fernandes e Ristovski 🦁 pic.twitter.com/EfsRhXlnfw
— B24 🇺🇦 (@B24PT) March 25, 2022