Ердоган брутално искрен за санкциите кон Русија: Нема да дозволам граѓаните да смрзнат без руски гас

2 mins read

Турските власти нема да се приклучат на санкциите против Русија, бидејќи не можам да дозволам нашите граѓани да смрзнат без руски гас, изјави турскиот претседател Таип Ердоган пред новинарите при враќањето од самитот на НАТО.

– Што се однесува до санкциите, ние проучуваме одредени насоки на ОН, но да не заборавиме дека не можеме да ги оставиме настрана нашите односи со Русија. Тоа го објаснив многу одамна, бидејќи денес, само кога станува збор за гасот, приближно половина од природниот гас што го користиме доаѓа од Русија – рече Ердоган, пренесува Тасс, повикувајќи се на онлајн изданието на Хуриет.

Тој додаде дека, освен тоа, Турција ја гради нуклеарната централа Акују со Русија и дека тоа не може да се игнорира.

-Кога му го кажав тоа (на францускиот претседател Емануел) Макрон, дури и тој призна дека сум бил во право. Прво, не можам да го оставам мојот народ да замрзне во зима, а второ, не можеме целосно да ја рестартираме нашата индустрија сами – изјави Ердоган.

Турскиот претседател повтори дека властите „треба да ги заштитат своите граѓани“.

– Имаме држава од 85 милиони жители кон кои имаме различни обврски. Дополнително, на Украинците им испративме 56 камиони со хуманитарна помош. Ги снабдуваме со храна, облека, лекови. Ќе се зголемат испораките – додаде тој.

Анкара постојано истакнуваше дека Турција нема намера да се приклучи на санкциите против Русија, за да не ја колабира сопствената економија и да остави отворен канал за дијалог со Руската Федерација, наведува Тасс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“

Следно

ФОТО | Ноне Неделковска си „гази“ во Куба: Во олдтајмер низ Хавана, ужива без мана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian