Британскиот „Вог“ на посебен начин ќе ја одбележи 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора

3 mins read

Кралицата Елизабета Втора оваа година го слави својот платинест јубилеј, 70-годишнина од стапувањето на англискиот трон по смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести.

На најдолговечната владетелка, која во април годинава ќе го прослави својот 96-ти роденден, на посебен начин ѝ оддаде почит и најпознатиот моден магазин во светот, „Вог“.

Со оглед на тоа што наскоро ѝ е роденден, но и платинестиот јубилеј, „Вог“ на насловната страница на априлското издание ќе објави фотографија од кралицата од младоста. Инаку, ова е воедно и првпат кралицата Елизабета Втора да се појави на насловната страница на ова списание.

Станува збор за фотографија на кралицата направена во 1957 година, пет години по почетокот на нејзиното владеење на која таа позира со дијамантска дијадема која всушност била направена за кралот Џорџ Шести.

Како што беше најавено, априлското издание на британскиот „Вог“ излегува со двојна насловна страница. На едната е кралицата Елизабета Втора, додека на другата насловна ќе биде актерката Ања Тејлор-Џој, ѕвездата на познатата серија „The Queen’s Gambit“ која модниот свет ја обожава поради нејзиниот префинет моден стил.

Британската јавност се надева дека кралицата Елизабета Втора ќе се појави на комеморацијата за покојниот сопруг на принцот Филип следната недела, изјави во четвртокот извор од палатата, откако 95- одишната кралица ги откажа сите јавни ангажмани на почетокот на овој месец.

Здравјето на кралицата е во центарот на вниманието откако таа помина една ноќ во болница во октомври минатата година поради недијагностицирана болест, а потоа нејзиниот медицински тим ја советувал да одмара. Таа се зарази со ковид-19 во февруари, но за среќа имала само благи симптоми во вид на настинка.

Бакингемската палата ги објави деталите за комеморацијата која ќе се случи на 29 март во Вестминстерската опатија во Лондон во знак на благодарност за придонесот на принцот Филип во јавниот живот. Сопругот на кралицата, принцот Филип, почина на 99-годишна возраст во април 2021 година.

Инаку, на Елизабета воопшто не ѝ било судено да стане монарх по раѓање, туку станала кралица само затоа што нејзиниот вујко Едвард Осми абдицираше за да биде со разведената Американка Волис Симпсон.

Елизабета ја престигна Викторија во 2015 година за најдолгото владеење на Британија во линија чие потекло датира од времето на норманскиот крал Вилијам Први и неговото освојување на Англија во 1066 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Курти: Руската Канцеларија за врски во Приштина е под целосен надзор

Следно

ФОТО: Мундијалска фудбалска треска, како се славеше на плоштадот во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian