Хрватскиот музичар Горан Баре ретко се појавува во јавноста. Како што сега раскажал, живее повлечен живот, бидејќи се скарал со колегите, а сите пријатели му починале, па останал сам.
Тој не ги негира своите проблеми со пороците, а проговорил и за сопругата Мирјана која во 1995 година починала од предозирање со хероин.
– Најмногу тагувам по сопругата. Тогаш доживеав нервен слом. Се разбудив покрај неа, но таа не спиеше, туку беше мртва. Тоа толку ме скрши, ги отвораш очите и не можеш да станеш од кревет. Не те интересираат ниту детето, ниту за родителите, ниту самиот себе, ништо на светот, ништо. Најмногу би сакал да не постоиш – изјави Баре за Уна ТВ.
Потоа, Баре страдал од манична депресија бидејќи тешко се справувал со нејзината смрт. Тие биле во брак две години, а добиле и син кој денес има 27 години и живее во Задар. Не се во постојан контакт, а Баре не се сеќава кога последен пат го видел.
– Кога тој беше многу мал, јас си заминав. Некој мораше да го школува тоа дете. Тој заврши два факултети. Не се гледаме баш често, затоа што живееше со баба му и дедо му. Мојата сопруга почина кога тој имаше една година. Се слушаме по телефон. Си честитаме родендени, Новата година и Божиќ – признал пејачот кој денес жали што толку многу ѝсе препуштил на зависноста.
– Бев зависник, тежок, интравенски. Последен пат се „рокнав“ на Порин ’99. Најмногу ме нервира што се препуштив – признал музичарот.