Бајден го нарече Путин „воен злосторник“

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“, овој пат при неговата посета на Полска.

Демократиите се „обединети во нашата опозиција и напори да го спречат уништувањето што се случува од рацете на човекот за кој искрено мислам дека е воен злосторник“, рече Бајден во полскиот град Жешов.

„Мислам дека ќе ја исполни правната дефиниција и за тоа“.

Бајден му се придружи на полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Жешов, со цел лично да ги види хуманитарните напори што се прават за поддршка на бегалците кои бегаат од Украина. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Македонските фудбалери се вратија во Скопје, вечерва ќе се слави финалето во мундијалскиот бараж

Следно

Ердоган брутално искрен за санкциите кон Русија: Нема да дозволам граѓаните да смрзнат без руски гас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian