Австријка се степала со пар од Скопје, а потоа нападнала и полицајци

1 min read

На 24.03.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во Градскиот трговски центар, на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Ј.(36), женско лице од Австрија, од една страна и А.Р.(65) и С.Р.(60) – женско лице, двајцата од Скопје.

Според пријавеното, Ф.Ј. се однесувала агресивно и кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 4, член 11 и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

„Слимлајн“ се товари за измама на потрошувачи – нивната одбрана е дека Агенцијата за храна треба да го контролира составот на капсулите за слабеење

Следно

План од 10 чекори за запирање на војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian