Возрасните лица за бесплатен превоз со ЈСП неопходно е да поседуваат „Скопска“

1 min read

Од ЈСП Скопје ги потсетуваат возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен превоз, одлука која важи од утре, дека неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година.

Продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација.

Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот).

Сите центри за персонализација работат од понеделник до петокод 6 до 19.30 часот, а во сабота од 7 до 19.30 часот.

За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место.

Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“.

Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден. Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен ковид биланс: Тројца починати и 281 новозаразени

Следно

Чешкиот парламент одобри распоредување војници во Словачка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian