Во Германија првпат регистрирани над 300.000 заразени со Ковид-19 на дневно ниво

1 min read

Во Германија во изминатите 24 часа регистрирани се 318.387 случаи на Ковид-19. Тоа е рекордна бројка на дневно ниво, јави германската новинска агенција ДПА.

Во изминатото деноноќие имало 300 смртни случаи, а седумдневната стапка на инциденца достигна 1.752, што исто така е највисока досега.

Институтот Роберт Кох (РКИ) денеска соопшти дека за една седмица, првпат биле пријавени над 1,5 милиони заразени во Германија.

Од почетокот на пандемијата во Германија регистрирани се 19.596.530 заболени со Ковид-19, 127.822 смртни случаи и повеќе од 15 милиони оздравени луѓе.

kurir.mk

Претходно

Македонските фудбалери ја шокираа Италија и обезбедија финале во мундијалскиот бараж

Следно

Се сруши тераса во Загреб, жена пропадна на долниот кат:„Се плашеше да се движи, и велеа да издржи“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian