ВИДЕО: Жешко е на клупата на „жешките“, Батлер сакаше да се тепа со Хаслем и тренерот Сполстра

2 mins read

Во дербито на вечерта Голден Стејт вориорс со 118:104 го совлада Мајами хит, но натпреварот го одбележа кавгата на клупата на „жешките“ во третата четвртина кога соиграчите мораа да ги смируваат Џими Батлер и Адонис Хаслем.

– Хаслем ми рече дека не можам да го држам чекорот во оваа ера земајќи в предвид као играм во последно време. На него и на Сполстра им реков дека се релевантни само поради Двејн Вејд – изјави Батлер.

 

Тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, пак смета дека инцидентот кој за малку не прерасна во физичка пресметка, може да се искористи за да се крене екипата.

– Можеме да ги искористиме овие моменти за да не катапултираат и позитивно да влијаат на нас –рече Сполста.

Кај Голден Стејт не настапија повредените Стеф Кари и Андре Игудала, додека „слободно“ добија Томпсон, Грин и Портер, најдобар беше Џордан Пул со 30 постигнати поени.

Најдобриот тим во лигата, Феникс санс предводен од Деандре Ејтон кој постигна 35 поени и Девин Букер кој додаде 28 поени, со 125:116 ја совлада Минесота.


Бостон селтикс ја растури Јута џез победувајќи со 28 поени разлика, 125:97. На овој натпреварот доминираа Тејтум и Браун кои дадоа по 26 поени, додека Маркус Смарт имаше рекордни во кариерата 13 асистенции.


Филаделфија сиксерс предводена од Џоел Ембид и неговите 30 поени и 10 скокови како и 24 поени на Џејмс Харден со 126:121 го победи ЛА Лејкерс и му ја отежна битката за пласман во плеј-офот. Лејкерси сега имаат скор 31-42 и се наоѓаат на деветтото место во Западната конференција, но 11. Тим на табелата, Сан Антонио спарс има само две победи помалку.


Резултати:
Шарлот – Њујорк 106:121
Детроит – Атланта 122:101
Индијана – Сакраменто 109:110
Бостон – Јута 125:97
Мемфис – Бруклин 132:120
Мајами – Голден Стејт 104:118
Минесота – Феникс 165:125
Оклахома сити – Орландо 118:102
Далас – Хјустон 110:91
ЛА Лејкерс – Филаделфија 121:126
Портланд – Сан Антонио 96:133

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милош Биковиќ откри дека бил вљубен во српската пејачка која трагично го заврши животот

Следно

ВИДЕО | Куртовски: ВМРО-ДПМНЕ се исплаши од пораз и избега од изборен дуел во Маврово Ростуше

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian