ВИДЕО| Сејдини: Фудбалерите покажаа дека се родени за големи работи и ќе дадат сè од себе да го остварат сонот

1 min read

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, неколку часа пред полуфиналниот бараж натпревар на „црвено-жолтите“ против Италија за пласман на СП во Катар, упати порака и порача дека овие фудбалери се родени за големи работи.

Натпреварот помеѓу Итлаија и Македонија започнува од 20.45 часот, а ќе се игра на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Победникот од овој дуел ќе игра со подобриот од мечот меѓу Португалија – Турција за пласман на Мундијалот во Катар.

– Оваа репрезентација и овие момци ги краси карактер и заедништво. Покажаа дека се родени за големи работи, веруваат во себе и знам дека ќе дадат се од себе да го остварат сонот за пласман на Светско првенство. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа да ја бодрат нашата репрезентација. Уживајте во натперварот“, рече Сејдини.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Копола застанал зад својата визија: Денес „The Godfather“ слави 50 години

Следно

Германска делегација кај вицепремиерката Грковска се интересираше за дијалогот Скопје – Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian