ВИДЕО | Џон Траволта сподели среќна вест: Добив дозвола за управување со Боинг 737

1 min read

Холивудскиот актер Џон Траволта ги воодушеви своите обожаватели со веста која ја сподели на социјалната мрежа „Инстаграм“. Имено, 68-годишниот актер се пофали дека добил дозвола за управување со Боинг 737.

Во видеото кое го сподели на својот инстаграм-профил, Траволта возбудено вели дека е горд на својот напредок во воздухопловството.

„По 747 и 707, штотуку добив дозвола за летање со авион 737 и сѐ помина многу добро, затоа го споделувам овој момент со вас“, раскажа Траволта во видеото.

Џон Траволта научил да управува со авион уште кога имал само 15 години, а првата дозвола за управување ја добил во 1978 година, а поседува најмалку седум авиони, вклучувајќи ги Боинг 707, Бомбардиер Челинџер 601, Боинг 727 и три авиони Галфстрим.

Во неколку наврати истакна дека со летањето успева на најдобар начин да се опушти и да избега од работните обврски. А колку е посветен на својата пасија, зборува и фактот што во неговиот дом на Флорида има и приватна писта за своите авиони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ден на жалост за Медлин Олбрајт утре во Косово

Следно

Рајола го убедува Погба да остане во Премиер лигата и да потпише за најбогатиот клуб на светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian