ВИДЕО | Бреговиќ: Не бевме државен проект, за Тито свиревме 5 секунди

1 min read

Горан Бреговиќ, кој беше фронтмен на југословенска рок група „Бијело дугме“, во една прилика зборуваше за политизацијата на музиката и опиша како изгледала свирката пред претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Во периодот на Југославија, пасторалниот-рок бенд „Бијело дугме“ имал репутација дека е државен проект. Односно бенд кој ќе „прикрива“ дека постои цензура, служи како помало зло за општествениот поредок. Осврнувајќи се на ваквите тврдења, Бреговиќ го опиша настапот за Тито.

Instagram
Bijelo Dugme / Фото: Instagram

– А тоа дека Бијело дугме беше државен проект? Се сеќавам кога нè поканија да свириме за Тито на Нова година. Некои од внуците на Тито пееле: „Tako ti je, mala moja, kad ljubi Bosanac“, па го донесоа бендот што ја пее таа песна затоа што сфатиле дека другар Тито сака да го слушне токму тоа.

– Но, како што Тито си ги покри ушите по пет секунди од нашата свирка, тие нè симнаа од бината по околу осум секунди. Така да како државен проект, свирев најмногу десет секунди, изјави тој во интервју за „Nedeljnik“.

За истиот настан, своевремено има зборувано и Тереза ​​Кесовија, која вели дека тие всушност не биле избркани, туку Тито бил тој што не можел да ги слуша, па ја напуштил просторијата во обид да си ги спаси ушите.

ВИДЕО | Бон Џови ја поддржа Украина: „It’s My Life“ е неназначена химна на бунтот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борел: Русија не сака преговори, сака да ја одвои Украина од морето

Следно

Започнува конечната пресметка на Европјаните за трите мундијалски визи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian