У21: Фудбалерите поразени од Србија и го загубија третото место на табелата

1 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година е поразена со 2:1 на гостувањето кај Србија во рамки на седмото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година што ќе се игра во Романија и Грузија.

Со поразот, младите фудбалери го загубија третото место на табелата во групата Х токму од Србија која сега има 8 бода, два повеќе од избраниците на селекторот Драги Канатларовски.

Србите предводени од новиот селектор Горан Стевановиќ беа подобар противник во најголем дел од натпреварот и поведоа уште во деветтата минута со голот на Пантовиќ.

Србија победата ја завери во финишот од натпреварот, во 82 минута со голот на Јовиќ, а до крајот на натпреварот избраниците на Канатларовски во 83 минута успеаја да намалат на 2:1, резултат што на крајот се покажа како конечен.

Следниот натпревар за младите фудбалери ќе го играат на 29 март во Скопје кога ја пречекуваат селекцијата на Фарски Острови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Можеби нема да освојат Оскар, но славните ќе си заминат дома со подарок од 139.000 долари!

Следно

Tри големи пожари попладнево во струмичко

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian