Стоилов: Ќе го вратиме Вардар на вистински пат, таму каде што припаѓа

1 min read

Викендов во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра големото ракометно дерби кое може да ја даде одлуката за титулата. Ракометарите на Вардар 1961 в сабота го пречекуваат Еурофарм Пелистер во дуел на двете првопласирани екипи.

Вардарци по доаѓањето на Давид Дејвис како тренер на местото на Веселин Вујовиќ, играат препородени, обезбедија пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите, додека на домаша сцена со Е. Пелистер ќе ја бидат битката за трофеите.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, смета дека саботниот натпревар нема да го даде шампионот бидејќи долга е сезоната, и доста важно е што екипата застанува на здрави нозе.

– Ова не е натпреварот што ќе го реши првенството, но може да ни ја подобри ситуацијата на табелата. Мислам дека работите се движат во нагорна линија во Вардар со доаѓањето на Дејвис, се работи добро. Мислам дека ќе го вратиме Вардар на вистински пат, каде што припаѓа, само треба да не претеруваме со нашите амбиции – вели Стоилов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Предизвикајте насмевка: Најдобрите комплименти за хороскопските знаци

Следно

НИКОБ ЛАБ – Промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади од 0-18 години успешно ја завршуваме утре

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian