Спасовски: Јас не сум милионер, ама знам такви кои од ништо направија хидроцентрали

1 min read

Опозицијата обвинува дека секој што ќе влезе во политиката влегува за да стане милионер. Јас не сум и нема да бидам милионер, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Утрински брифинг, но – додава тој – знам политичари кои немаа ништо па сега имаат неколку хидроцентрали, возила и слично.

-Во однос на борбата против корупцијата, тоа е битка што се води на два фронта. Едно е ефикасност во борба против корупција, а друго е перцепцијата за корупцијата во земјата. Многу важен проблем е да се направи политички напор да се смени перцепцијата кај луѓето. Што се однесува до откривачката дејност, МВР работи континуирано и за една година за 50 отсто се зголемил бројот на откриени случаи за поткуп. Битката против корупцијата е континуирана, вели Спасовски.

Високото раководство од СДСМ се обидуваше да постигне високи партиски цели, а понискиот ешалон се возеше на нивната работа. Затоа резултатот од локалните избори беше таков.

-Јас искрено се надевам дека ќе се сменат и пониските ешалони и дека на терен ќе се случат промени за да се поттикне искрено борење за исти вредности на сите нивоа во партијата. Исто така треба да се работи на коалицискиот потенцијал на СДСМ која може да ги обедини сите проевропски сили, вели Спасовски кој не е член на сегашното партиско раководство.

Спасовски вели дека стабилноста на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ не се чува со заштитување на припадници на ДУИ од прогон за корупција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 24 март: И најлудите желби ќе се остварат со добро решение

Следно

Кои се условите пензионерите да се возат бесплатно со ЈСП?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian