Почина Стивен Вилхајт: Човекот кој го измисли гифот и засекогаш го промени интернетот

2 mins read

Стивен Вилхајт, креаторот на гифот почина минатата недела од компликации поврзани со коронавирусот. Вилхајт почина на 74-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Кејтлин за „The Verge“.

Кога починал, бил опкружен со семејството. Во неговиот некролог пишува дека „и покрај сите негови достигнувања, тој остана многу скромен, љубезен и добар човек“.

via GIPHY

Стивен Вилхајт го создал гифот, или „Graphics Interchange Format“, кој денес се користи за реакции, размена на пораки и шеги, додека бил вработен во „CompuServe“ во 1980-тите.

Тој се пензионираше во раните 2000-ти и слободното време го поминувал патувајќи, кампувајќи и градејќи модели на возови во неговиот подрум.

Иако гифовите деновиве се синоним за анимирани интернет-мимови, тоа не е причината зошто Вилхајт го создал овој формат.

via GIPHY

„CompuServe“ ги престави гифовите во доцните 1980-ти како начин за дистрибуција на „графики со висок квалитет и висока резолуција“ во боја во време кога брзината на интернетот беше далеку побавна од денес.

„Го измисли гифот сосема сам, тој всушност тоа го работеше дома и го претстави на работа откако го усоврши“, изјавила Кејтлин. „Тој прво смислуваше сè во својата глава, па дури потоа седнуваше на компјутер да програмира“, додала неговата сопруга.

via GIPHY

Стивен Вилхајт ја прими наградата за животно дело „Webie“ за создавање на гифот. Во една прилика во интервју за „Тајмс“, Вилхајт рече дека еден од неговите омилени гифови е мимот со бебето што танцува (или анг. Ooga Chaka Baby) кој стана вирален во времето кога уште не постоеја термините како „мим“ и „вирално“.

via GIPHY

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг останува на чело на НАТО уште една година поради Украина?

Следно

Денови на македонскиот мед во центарот на Скопје – пазарот преплавен со фалсификати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian