Џозеф: Балканот поделен меѓу Русија и Западот

4 mins read

Едвард П. Џозеф, виш предавач на Факултетот за меѓународни односи (SAIS) при Универзитетот Џонс Хопкинс, САД денеска говореше на панел-дискусијата на Универзитет Американ Колеџ Скопје на тема „Војната во Украина и нејзиното влијание на Балканот“, каде говореше за ставот на САД околу актуелната состојба со Русија и нејзиното влијание на Балканот.

„Украинската криза на Балканот ја делам во три категории. Првата категорија се земјите на фронтот. Тука спаѓаат Бугарија, Романија и Турција. Тие на различни начини се директно поврзани со Украина. Романија е погодена од мигрантската криза, а додека пак Турција има посебна улога преку Црното Море, а сите знаеме каква е поврзаноста на Ердоган со Русија. Романија и Молдавија особено се погодени од бегалската криза“ вели Џозеф.

Во втората категорија, тој ги става земјите кои се погодени преку руското влијание. Тука спаѓаат Србија, БиХ и Црна Гора.

„Црна Гора особено видовме дека имаше проблем со воведувањето санкции против Русија и покрај тоа што е членка на НАТО. Во оваа група спаѓаат земјите кои имаат руско влијание во нив, а покрај овие три тука може да се и Бугарија, Грција, секако Северна Македонија додека на власт беше Никола Груевски, а дури и Хрватска која имала поврзаност со Русија. Но, сепак кога говорам за оваа група најмногу алудирам на Србија“ тврди тој.

Третата категорија Џосеф ја класифицира како про-НАТО земји, во која спаѓаат земјите од Балканот како, Албанија, Косово, Грција, Словенија, Северна Македонија и Хрватска.

„Во Словенија видовме огромна промена. Видовме како нејзиниот лидер Јанез Јанша се трансформираше од про-Путин во еден пријател на Украина, а тоа го покажа и со неговата неодамнешна посета во Киев“ смета професорот Џосеф.

Директни и индиректни ефекти

Професорот Џозеф вели дека ефектите на украинската криза врз Балканот имаат директни и индиректни ефекти.

Како директи ефекти тој ги наведува мигрантската криза, санкциите, хуманитарната и воена помош.

„Санкциите имаат свое влијание. Некои земји како Србија, а и Турција не воведоа санкции против Русија, но Турција ја покажа својата поддршка за Украина испраќајки и дронови“ вели Џозеф.

Индиректните ефекти, како што вели Џозеф, се промените во односите, како на пример случајот со Милорад Додик. Додик сега се обидува да се дистанцира од Русија, смета Џозеф. Покрај регионални и меѓународни промени во односите, може да се очекуваат и промени во внатрешните сфери на земјите, како на пример во Бугарија со министерот Стефан Јанев, кој беше разрешен откако даде про-руски коментари.

Индиректен ефект би била и економската криза и цената на гасот.

Изборите во Србија и состојбата со Вучиќ

Џозеф говореше и за состојбата во Србија, која ја нарече пријател на Русија.

Тој смета дека ЕУ и НАТО сега можат да ја искористат состојбата во Украина за да ја скратат моќта на претседателот Вучиќ во Србија, како и да спречат можеби не воен, но политички притисок на Бугарија врз РС Македонија.

Џозеф стави акцент на неодамнешното недоразбирање меѓу лидерите на Србија и Косово, Вучиќ и Курти околу изборите во Србија.

„Русија смрди“

Професорот Џозеф опишувајќи го ставот на САД за актуелната состојба во Русија, исмејувајќи кажа: „Русија смрди“.

Тој на крајот од својот говор кажа дека треба да ги гледаме и позитивните работи.

„Поддршката од Западот и од поголемиот дел од Светот за Украина, како и украинската одбрана се за голема пофалба. Лидерството на претседателот Зеленски исто така е за голема пофалба“ заклучи Џозеф.

За него останува да се види што ќе се случи со санкциите околу рускиот гас. Во очите на Американците е навистина чудно што некои земји како Србија се уште ја поддржуваат руската инвазија, вели Џозеф.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чешкиот парламент одобри распоредување војници во Словачка

Следно

Сашко и Сашка ни подготвија класично тирамису: Мали трикови, кои прават голема разлика во вкусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian