Ова се првите пет песни на евровизиските обложувалници: Кој ли ќе победи?

3 mins read

Иако една земја убедливо води во обложувалниците, треба да се земат предвид и оние кои се наоѓаат на неколку места подолу. Ова се, судејќи според гласот на публиката, овогодинешните фаворити за победник на Евровизија.

Изборот за најдобра песна во Европа е се поблиску, а оваа година првото полуфинале ќе се одржи на 10 мај во Торино, Италија. Ова се најдобро рангираните песни, а дали навистина една од нив ќе биде победничката песна, останува да видиме.

Украина

Земјата во која Русија ја започна инвазијата на крајот на февруари е убедливо прва на обложувалниците со дури 35 проценти од гласовите. Годинашни претставници се бендот Калуш Оркестра со песната „Stefania“. Бендот го носи името на еден украински град, а песната е посветена на мајката на пејачот, но и на сите други мајки, зборувајќи за нивните предизвици во денешниот свет.

Италија

Минатогодишниот победник на Евровизија, Италија, и оваа година се најде на самиот врв на обложувалниците со песната „Brividi“ во изведба на најпопуларното музичко дуо во Италија, Махмуд и Бланко. Моментално имаат 15 отсто од гласовите, а пред да се изберат претставниците на Украина го држеа првото место во обложувалниците. Махмуд во 2019 година ја претставуваше Италија на Евровизија освојувајќи го второто место.

Шведска

Оваа година претставничка на Шведска е Корнелија Јакобс, а во Торино ќе настапи со песната „Hold Me Closer“. Во моментов е рангирана на третото место од страна на обложувалниците со 11 отсто од гласовите. Талентираната 30-годишна девојка двапати се натпреваруваше да ја претставува својата земја големата евровизиска сцена, но, на крајот имаше среќа како соло изведувач.

Велика Британија

Претставникот на Велика Британија, Сем Рајдер со неговата песна „Space Man“ засега има пет проценти од гласовите. Сем е пејач и текстописец кој преку ноќ се прослави на социјалните мрежи кога го привлече вниманието за време на пандемијата со аранжмани на популарни песни. Со над 12 милиони следбеници на социјалната мрежа „ТикТок“, тој моментално е најпопуларниот британски музички изведувач на оваа платформа.

Грција

Аманда Тенфјорд и нејзината песна „Die Together“ се на петтото место со четири отсто од гласовите. Аманда првите години од животот ги поминала во Грција, а потоа со семејството се преселиле во Норвешка. 25-годишната пејачка е и текстописец. Студира медицина.

Целата листа можете да ја видите овде.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Твитер: Заради овој човек Италија плаче!

Следно

Тешко е да се објасни што ни се случи вечерва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian