Ѓорѓиевски: Се решава проблемот со кучињата скитници во Кисела Вода во координација со ЈП Лајка

1 min read

Во координирана акција на ЈП ,,Лајка” и општината, заловени беа повеќе бездомни кучиња на неколку фрекфентни локации на територијата на Кисела Вода, известува градоначалникот.

По пријави од повеќе граѓани, во координација со општина Кисела Вода, заловувачкиот тим на ова претпријатие делуваше на ул. ,,Димитрија Чуповски”, ул. ,,Малешевска”, ул. ,,Борис Трајковски”, населба Пинтија, ул. ,,Димо Хаџи Димов”, ул. ,,Христо Татарчев” и ул. ,,Антон Димитров”.

Кучињата моментално се згрижени во прифатилиштето на ЈП ,,Лајка”, каде веќе им се направени првите потребни испитувања.

По истекот на целиот хуман третман, ќе бидат објавени на социјални медиуми и официјална веб страна за вдомување.
Вчерашната, е во рамки на пролетната акција на јавните градски претпријатија на територија на општина Кисела Вода, која трае до крај на седмицава, се вели во соопштението.

Но, добрата соработка на општина Кисела Вода со ЈП ,,Лајка” секако продолжува и по завршувањето на оваа акција.

Хуманиот третман на уличните и напуштените кучиња, намалувањето на популацијата на бездомни кучиња, вдомување и градење култура за вдомување, обезбедување на донации за нивна нега и понатаму ќе останат да бидат високо на листата на делување на двете институции, за што се надеваме, ќе ја имаме соработката и поддршката од сите наши жители, уверува градоначалникот Георгиевски.

skopjeinfo.mk

Претходно

Вучиќ ќе испорача пченица и брашно за Северна Македонија според договореното

Следно

Киев: 1.800 руски воздушни напади во Украина од почетокот на инвазијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian