Милош Биковиќ откри дека бил вљубен во српската пејачка која трагично го заврши животот

4 mins read

На прашањето на водителот дали е суеверен, тој одговорил:

– Не, дури и често ми велат, знаеш, кога ќе сретнам некои луѓе: „Оди види, таа ти фрлила магија 100 отсто. Ти си изложен, тебе ти фрлаат магија. Верувам во тоа дека енергијата се враќа, што ќе сееш тоа и ќе жнееш, и верувам во Господ, така што тоа се елиминира. За мене би било чудно да верувам во двете – рекол актерот.

Водителот го прашал директно кои девојки биле негова фантазија кога бил дете.

Ејприл О Нил. Тоа беше мојата прва фантазија, кога бев дете. Таа го носеше тој жолт комбинезон. Од домашната јавна сцена бев вљубен во Ксенија Пајчин. Oд домашната јавна сцена, најмногу ме привлекуваше починатата Ксенија Пајчин – открил Милош Биковиќ во емисијата „Амиџи шоу“.

Неволно, Биковиќ, сепак, открил околу што и кога последен пат се тепал и предизвикал општ хаос во студиото.

– Имав 25-26 години, Миќко, Иван Михаиловиќ и јас бевме во Тајланд. Се степавме со Германци – почнал и со насмевка застанал за момент: „Не ми се верува што зборувам“.

– Отидовме на некоја „џунгла“ забава, имавме некој џип, беше мал, можеа да седнат само двајца, а третиот се возеше во приколка. Дојдовме овде и тоа беше планирано за 4.000 луѓе, меѓутоа, таа забава не заживеа, имаше само 50 луѓе. Ќе ме убијат, не смеам ова да го раскажам – рекол смеејќи се.

– Од сите луѓе во Тајланд, мене ме препозна една и почнавме да разговараме и таа е тука со момчето, и ние разговараме и јас заглавувам 15 минути зборувајќи со нив, а ги гледам овие двајца како се приближуваат до две Тајланѓанки. Јас зборувам и гледам што прават идиотите, се свртувам, а зад нив група луѓе, влегувам да видам и гледам како Германците почнуваат да се расправаат. Едниот Германец влетува и вели дека не можете тоа да го правите, Миќко скокнува и го удира в лице, тој тренираше џудо, јас теквондо. Во еден момент, Германецот почнува да бега, по нив уште двајца Германци, а јас и Иван по нив. Почнувам да се тепам со Германецот, тој прво ме удри со рака по носот, почнувам да крвавам… Додека го тепав Тајланѓанката ме удира со шише пиво по глава, јас ја тргнав и обезбедувањето ме исфрли. Ние повторно се враќаме внатре, а овие момчиња ни приоѓаат и ја пружаат рака, во стил – вие сте супер, сѐе во ред, но тие се наши жени. Според тајландскиот закон, можете да склопите брак на две недели со Тајланѓанка – раскажал Биковиќ анегдоти од животот.

– После журката ние тројцата крвави застанавме во еден локал да пиеме пиво и во близина беше оној „Транџа бар“, нѐ гледа човек од два метра, паж перика, нога 46, тесно фустанче, лакирани нокти и ни вели: „Луди ли сте?“. Замислете, мене дечко во фустан со перика ме праша дали сум луд – раскажал Биковиќ, што ги насмеало сите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Годишнина од НАТО бомбардирањето на Србија и Црна Гора

Следно

ВИДЕО: Жешко е на клупата на „жешките“, Батлер сакаше да се тепа со Хаслем и тренерот Сполстра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian