Милановиќ: Хрватска не е дел од БиХ, а богами ниту Србија или Русија

1 min read

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во обраќањето до јавноста рече дека хрватскиот интерес во БиХ е рамноправноста на трите народи, што, како што наведе, е многу важно за мирот.

„Ако Украина добие статус кандидат за ЕУ, Босна одамна го заслужи тоа. Доколку Брисел не ја разбира доволно ситуацијата, тогаш дипломатијата треба да го објасни тоа“, рече Милановиќ коментирајќи ја ситуацијата во однос на изборните реформи во БиХ.

„Хрватска не е дел од БиХ, ниту планира некаква агресија, а богами ниту Србија, ниту Русија, затоа што не можам. Ова е првпат да трпиме свињи од Брисел со месеци.. Интересот на Хрватска е еднаквост на сите три народи во БиХ како и стабилноста“, рече тој.

Милановиќ кажа дека засега не е планирано хрватски војници да заминат во Унгарија. Милановиќ на средбата зборувал и за падот на дронот во Загреб, а откри дека некои од лидерите не ни знаеле за настанот.

Некои не знаеја, тоа беше очигледно од нивните изрази, рече Милановиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинска армија: Русија распоредува оружје во соседна Белорусија

Следно

Копола застанал зад својата визија: Денес „The Godfather“ слави 50 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian