Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во Брисел во друштво во министерот за надворешни работи Бујар Османи, вицепремиерот Бојан Маричиќ и амбасадорката Агнеса Руси ја следеа играта на македонската фудбалска репрезентација против Италија и се радуваа на историската победа над домаќинот во Палермо.
-Каква сензација! Браво момци, браво! Вие сте вистински херои, оваа вечер покажавте што значи борбеност, желба, истрајност! Неверојатна победа која е резултат на многу труд и работа, но пред се љубов кон националниот дрес. Честитки и за селекторот Милевски и целиот тим, оваа вечер нема никогаш да ја заборавиме. Ви Благодариме, напиша Ковачевски.
-Честитки, напиша Османи.
И претседателот Стево Пендаровски им ја честиташе победата на македонските фудбалери:
-Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник. 🇲🇰👏
На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате. #СегаЕНашеВреме #WorldCup2022, честиташе Пендаровски на Фејсбук.