Кои се условите пензионерите да се возат бесплатно со ЈСП?

1 min read

Од утре започнува да важи одлуката за бесплатен јавен превоз за возрасни лица. Истиот се однесува на категоријата лица – жени над 62 години и мажи над 64 години и ќе важи во вторник, петок, сабота и недела.

Со ова олеснување на трошоците на граѓаните ќе бидат опфатени околу 80.000 корисници на јавниот превоз во Скопје кои ќе имаат право да го користат превозот бесплатно, четири дена во неделата.

„Воведувањето на бесплатниот превоз за возрасни лица е во согласност со одлуката на Советот на Град Скопје за дотации или давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие и средствата за оваа намена се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. Морам да напоменам дека освен што се ослободуваат возрасните лица во посочените денови од трошоци за автобуски превоз, бесплатен превоз веќе имаат и учениците средношколци во средните училишта чијшто основач е Град Скопје, редовните студенти на додипломски студии на државните универзитети во Скопје, како и лицата со попреченост“, истакна вчера на  прес конференција, в.д.директорот на ЈСП, Иван Илиевски.

Возрасните лица кои сакаат да користат бесплатен превоз во вторник, петок, сабота и недела, треба да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“ и при користење на јавен превоз да се валидираат, а истата картичка се приложува и во случај на линиска контрола. 

Персонализирањето на картичките се врши во некои од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Спасовски: Јас не сум милионер, ама знам такви кои од ништо направија хидроцентрали

Следно

ГРАД НА ДУХОВИ: Мариупол еден месец по војната пеплосан до земја (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian