Истрагата против Јувентус продолжува, управата уништила доверливи документи?

1 min read

Истрагата за потенцијални финансиски малверзации на управата на Јувентус продолжува, а обвинителот во Торино верува дека се уништени доверливи документи и поради тоа почна да вика фудбалери на „старата дама“ на испитување.

Истрагата засега е фокусирана на договорите кои управата на Јувентус ги постигна со фудбалерите околу намалување на платите по прекинот на Серија А поради пандемијата на коронавирусот.

Намалувањето на платите на фудбалерите му помогна на клубот да не западне во финансиска криза, но обвинителството смета дека фудбалерите добиле најмалку 60 милиони евра на основ на приватни договори со Јувентус, а тие не биле пријавени пред надлежните органи.

Имено, обвинителството смета дека на играчите не им биле намалени платите, туки само им биле одложени исплатите, а дел од тие приватни договори на фудбалерите биле пронајдени во мејловите на клубот.

Според истражителите, некои од доверливите документи се чуваат надвор од просториите на клубот и тие се уништуваат откако ќе бидат исполнети. Обвинителството се сомнева дека меѓу уништените документи е и приватниот договор со Кристијано Роналдо кој се споменува во разговорот помеѓу директорите на Јувентус. Причина за ваквите сомнежи на обвинителството е поради податокот дека договорот на Роналдо сè уште не пронајден.

Првиот фудбалер кој денеска бил испрашуван во обвинителството е Пауло Дибала поради договорот постигнат во март 2020 година помеѓу управата и фудбалерите на Јувентус.
Се очекува во наредниот период и останатите фудбалери да бидат повикани на испитување во обвинителството.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чоколадна торта од само три состојки, не ви треба ниту грам брашно

Следно

ФОТО: Снегот на Попова Шапка искористен за вежбата „Спасување од Лавина 2022“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian