Холивудската актерка без влакна на јазикот: Бременоста не е секогаш позитивно искуство

3 mins read

Во едно од ретките интервјуа кога отворено зборува за својата приватност, британската актерка Ен Хатавеј која има исклучителна кариера во Холивуд даде мал увид во нејзиниот затворен свет.

Истакната филмска, телевизиска и од неодамна театарска актерка се појави како главен лик на насловната страница на новото издание на магазинот „WSJ“ во издание на „Wall Street Journal“, во кое освен со својот фантастичен изглед, воодушеви и со отворениот разговор за не толку бајковитите моменти во животот, но и за оние кои ја направиле неизмерно среќна.

Познатата оскаровка беше особено емотивна зборувајќи за мајчинството. Таа е горда мајка на две момчиња, шестгодишниот Џонатан и двегодишниот Џек, кои ги доби со сопругот Адам Шулман.

„Не се чувствував целосно приземјена сè додека не станав мајка. Не дека ми недостигаше интегритет, но така добив чувство на исполнетост на секое ниво“, изјави Хатавеј.

Двете бремености не ѝ биле воопшто лесни

„Постои тенденција бременоста и породувањето да се прикажуваат во едно светло, како сето тоа да е позитивно. Но, знам од сопствено искуство – тоа е многу покомплицирано од тоа. Кога ќе дознаете дека вашата болка ја споделуваат и други, мислите дека тоа е корисна информација, чувствувате дека не сте изолирани во вашата болка“, посочи таа.

Актерката покрај тоа, нагласи дека нема ништо срамно во болката и трудот и упати апел до сите млади мајки или оние кои допрва ќе станат да зборуваат гласно за се што им е тешко.

Притоа истакна дека многу сака да има трето дете и дека истото го мисли и нејзиниот сопруг, но работите не се секогаш толку едноставни.

Нејзината мајчинска улога го надополнила нејзиното и онака богато животно и деловно искуство. На актерски план, таа се оствари речиси на сите полиња, а сега почнува да го освојува и Бродвеј.

Ен вели дека како и секоја мајка го сака најдоброто за своите синови, а особено е заштитнички настроена кон нивната иднина. Објасни дека сака да им подари прекрасно и незаборавно детство.

„Знаев дека ќе бидам актерка на многу рана возраст, но ги инспирирам моите синови да останат деца додека всушност навистина се, а потоа сами ќе изберат во која насока сакаат да тргнат“, рече таа. „Да станеш професионален актер, имаш цел живот, а само еднаш во животот си дете. Затоа, ги охрабрувам моите деца да одат на училиште, да учат, да уживаат во играњето и читањето“, додаде таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина и Русија разменија затвореници

Следно

Бруно Фернандеш останува на „Олд трафорд“ за 14 милиони евра по сезона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian