Годишнина од НАТО бомбардирањето на Србија и Црна Гора

2 mins read

На денешен ден пред 23 години започна НАТО бомбардирањето на Србија и Црна Гора, кои тогаш беа во заедница во рамките на Сојузна Република Југославија, поради нападот што го извршија во Косово. Оваа годишнина се слави на различни начини во Србија и Косово. Комеморацијата ќе се одржи и во Бања Лука, каде во вечерните часови ќе се огласат сирените и ќе се изгаснат светлата на зградите.

Бомбардирање на НАТО во Белград, разрушена Српската национална телевизија / Март-Април 1999 / Фото EPA-EFE/Sasa Stankovic –YUGOSLAVIA OUT– ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Централната комеморација во Србија ќе се организира во Краљево, а ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Заедно со манифестациите ќе бидат положени цвеќиња и венци на настраданите.

Бомбардирањето заврши на 10 јуни, со усвојување на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и повлекување на армијата и полицијата. Преговорите се одржаа во Рамбује и Париз во февруари и март 1999 година.

Бомбардирање на НАТО во Белград / Март-Април 1999 / Фото EPA-EFE/Sasa Stankovic –YUGOSLAVIA OUT– ATTENTION: This Image is part of a PHOTO SET

Според неофицијални српски извори, загинале околу 2.500 цивили и околу 1.000 војници и полицајци. Во бомбардирањето, кое траеше 78 дена, сериозно беше оштетена инфраструктурата, деловните субјекти, здравствените установи, медиумските куќи и воените објекти.

Во Косово овој ден се слави како ден на ослободувањето.

„Пред 23 години НАТО интервенираше за да го запре тековниот геноцид врз народот на Косово. Остануваме вечно благодарни на нашите сојузници за поддршката на нашиот пат кон слободата и демократијата. „Сега повеќе од кога било, демократскиот свет мора да се сеќава на оваа успешна приказна“, рече косовскиот претседател Војша Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата Франциск одговара на прашања на сиромашните: „Не добивам плата, ме хранат а ако ми треба нешто само ќе побарам“

Следно

Милош Биковиќ откри дека бил вљубен во српската пејачка која трагично го заврши животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian