ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт се опуштија во Јамајка: Кралското семејство знаело и да се забавува

2 mins read

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се на кралска турнеја на Карибите во чест на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора која сака да ги зајакне односите со Комонвелтот.

Тие имаа активен прв ден во Јамајка

Војводата и војвотката од Кембриџ го посетија Кингстон, Јамајка, каде Вилијам играше фудбал со млади фудбалери, неговата сопруга навиваше од трибините. Двојката, исто така, се сретна со јамајканскиот боб-тим, кој се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 2022 година.

Вилијам и Кејт седеа во светло жолта боб-санка и се насмевнаа за селфи со тимот – ретка глетка за членовите на кралското семејство.

Тие подоцна го посетија и „Trench Town Culture Yard and Museum“, поранешниот дом на починатиот реге-музичар Боб Марли. Во духот на посетата дури и се обидоа да свират на тапани со некои реге музичари на истото место каде што Марли научил да свири.

ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви со модните комбинации: Изгледа подобро од кога било

За пристигнувањето на двојката во Кингстон, Кејт воодушеви во жолт фустан од дизајнерскиот бренд Роксанда со крем-обоена чанта за спојување, повлекувајќи ја косата назад во реп. Таа подоцна се пресоблече во шарен фустан со принт за уште еден ден на кралската турнеја.

Кралското семејство објави и снимка од Вилијам и Кејт како нуркаат во Белизе во текот на викендот на вториот по големина корален гребен во светот.

ФОТО+ВИДЕО | Ретка глетка: Принцот Вилијам и Кејт танцуваат со локалците во Белизе

Видеото ги прикажува Кејт и Вилијам како се „дружат“ со ајкули и риби додека го истражуваат подводното живеалиште.

 

ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пречекани со протести во Белизе: Напуштете ги нашите имоти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок, содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

Следно

Чави направи револуција во Барселона, сега Левандовски сака да игра на „Камп Ноу“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian