ФОТО: Снегот на Попова Шапка искористен за вежбата „Спасување од Лавина 2022“

2 mins read

Денеска Дирекцијата за заштита и спасување ја одржа организираната обука, тренинг и вежба „Спасување од Лавина 2022“ со ТБО – Тетово, Битола и Прилеп. Настанот се одржа во местото меѓустаница Церипашина Попова Шапка во поширокиот реон на хотелскиот комплекс на Попова Шапка.

На овој настан присуствуваше и Беким Максути, директор на Дирекцијата за заштита и спасување, кој одблиску ја следеше вежбата на која беа изведени три операции и тоа спасување на затрупани луѓе во лавина, изгубено лице надвор од лавинско подрачје во планина, како и помош на луѓе за слегување од корпа на жичарница при немање електрична енергија.

Вежба „Спасување од Лавина 2022“/Фото: ДЗС

Директор на Дирекцијата за заштита и спасување рече дека оваа обука е организирана во соработка со многу институции и ја покажува нивната подготовка за интервенции во тешки временски услови.

Вежба „Спасување од Лавина 2022“/Фото: ДЗС

„Ние често како Дирекција имаме повици и барања за спасување на граѓани. Пред еден месец беше имавме барање, каде што неколку планинари, од кои еден беше повреден во село Вешала и интервенираа наши екипи. Денеска реализираме вежба насловена „Спасување од лавина 2022“, каде заедно со некои други институции импровизираме како да интервенираме во вакви случаи, кога има снег, кога врне дожд, кога има други несоодветни атмосферски услови и како да се понуди помош во овие случаи“, изјави Максути за медиумите кои беа присутни на настанот.

Вежба „Спасување од Лавина 2022“/Фото: ДЗС

Според сценариото вежбата започна со тоа што тимот за брз одговор на Дирекција за заштита и спасување подрачно одделение Тетово доби дојава дека на Попова Шапка на меѓустаница за Церипашина има паднато лавина, кај што се наоѓаат три исчезнати лица.

Вежба „Спасување од Лавина 2022“/Фото: ДЗС

Тимот за брз одговор од Тетово беше мобилизиран на настанот и стигна на местото и екипа од Црвен крст, поради специфичноста и димензиите на лавината на терен беа вклучени и тимовите од АРМ и МВР со кучиња трагачи.

Вежба „Спасување од Лавина 2022“/Фото: ДЗС

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Истрагата против Јувентус продолжува, управата уништила доверливи документи?

Следно

Украинска армија: Русија распоредува оружје во соседна Белорусија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian