ФОТО | Наводната поќерка на Сергеј Лавров „погодена“ од санкциите на Обединетото Кралство

2 mins read

Обединетото Кралство ја вклучи и Полина Ковалева, наводната поќерка на Сергеј Лавров, рускиот министер за надворешни работи, во серија санкции против Русија. Оваа одлука е донесена денес, а се однесува и на голем број други руски олигарси, фирми и вработени, пишува „Daily Mail“.

Лавров е официјално во брак со Марија Лавров, но наводно ова е маска само за јавни и официјални настани, додека всушност тој е во втор брак повеќе од 20 години. Оваа информација своевремено ја даде Алексеј Навални, лидерот на опозицијата, кој откри и дека „тајната сопруга“ на Лавров е Светлана Полијакова, а Полина е нејзина ќерка.

26-годишната Полина се школувала во приватен интернат во Бристол откако дипломирала економија и политика на Универзитетот Лафборо, а подоцна магистрирала економија и бизнис стратегија на Империал колеџ во Лондон.

По завршувањето на студиите, Полина работела за Гаспром, руски енергетски гигант, а подоцна се вработила во рударската компанија Гленкор. Пред да купи сопствена куќа во Кенсингтон, вредна околу 5,3 милиони долари, со дваесет и една бања, таа живеела во Западен Лондон, Холанд Парк, во стан во сопственост на руската амбасада.

Таа наводно живее со својот партнер, кој исто така има 10% удел во нејзината финансиска компанија. Полина ги избриша своите профили на социјалните мрежи, но британските медиуми пишуваат дека нејзиниот инстаграм-профил до неодамна личел на „одмор кој нема крај“.

Отворено писмо на руски режисер за бојкотот: Русија беше избришана за миг

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бруно Фернандеш останува на „Олд трафорд“ за 14 милиони евра по сезона

Следно

Груевски за денешното судење: Орце во тоа време би долетал да се сретне со мене ако сум сакал да го викнам на средба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian