Фајзер повлече лекови за висок крвен притисок, содржеле соединенија кои предизвикуваат рак

1 min read

Фајзер соопшти дека повлекува три од своите лекови за висок крвен притисок од пазарот – Accuretic и неговите две генерички верзии дистрибуирани од Greenstone.

Фајзер самостојно одлучил да ги повлече таблетите кои содржат повисоки нивоа на нитрозамини, соединенија кои можат да доведат до развој на рак. Но, компанијата во соопштението нагласи дека „не постои таков непосреден ризик за пациентите кои го земаат овој лек”.

– Нитрозамините најчесто се наоѓаат во водата и храната; во сувомеснатите и млечните производи и во зеленчукот. Секој е изложен на одредено ниво на нитрозамин. Овие нечистотии може да го зголемат ризикот од рак доколку некој е изложен на нив во големи количини во подолг временски период, соопшти фармацевтската компанија, пренесува Си-Ен-Ен.

Фајзер додаде дека досега нема извештаи за негативни ефекти по употребата на лековите за висок крвен притисок и оти овие производи имаат безбедносен профил кој се темели на повеќе од 20 години искуство.

Компанијата ги советува пациентите кои досега го земале нивниот лек да се консултираат со својот лекар за алтернативни третмани.

kurir.mk

Претходно

Се реконструира важен локален пат во Илинден

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт се опуштија во Јамајка: Кралското семејство знаело и да се забавува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian