Чави направи револуција во Барселона, сега Левандовски сака да игра на „Камп Ноу“

1 min read

Роберт Левандовски сака да го напушти Баерн Минхен на крајот од сезоната и според каталонските медиуми негова желба е да се пресели во Барселона која под тренерската палка на Чави Ернандез игра фантастичен фудбал и повторно стана еден од најпосакуваните клубови за големите фудбалски ѕвезди.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека Полјакот му порачал на својот агент Пини Захави да се договори со челниците на Баерн Минхен да си замине на лето и да се обиде да се договори со Барселона.

Левандовски има уште една година од договорот со Баерн Минхен, но во последните месеци не е во добри односи со управата која се уште не започнала преговори за нов договор, поради што одлучил на лето да побара да биде продаден и тоа на Барселона.

Желбата претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е Ерлинг Халанд, но самиот е свесен е дека нема пари да да го реализира овој трансфер, поради во игра за потписот со Норвежанецот останаа само Реал Мадрид и Манчестер сити, додека каталонскиот тим ќе се сврти кон поекономично решение во Роберт Левандовски.

Освен Левандовски, Барселона во летниот преоден рок ќе се обиде да го ангажира фудбалерот на Лидс, Рафиња кој треба да претставува замена за Осман Дембеле. Францускиот репрезентативец ги одби сите понуди за нов договор иако по доаѓањето на Чави Ернандез на клупата, тој игра фантастично.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт се опуштија во Јамајка: Кралското семејство знаело и да се забавува

Следно

Дневен ковид биланс: Тројца починати и 281 новозаразени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian