Борел: Русија не сака преговори, сака да ја одвои Украина од морето

1 min read

Руската влада засега не сака да склучи примирје бидејќи не ги постигнала своите воени цели, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

– Моментално, Русија не сака да седне да преговара за што било: она што таа сака е да ја окупира земјата. Сака да го опколи брегот до границата со Молдавија и да ја изолира Украина од морето. Таа сака сериозно да преговара само кога ќе обезбеди позиција на сила, рече Борел во интервју за шпанската ТВЕ.

Борел, исто така истакна дека Европската унија и нејзините сојузници ќе продолжат да испорачуваат воена помош за украинската војска.

– Ова е важно бидејќи сè ќе бид е решено во следните 15 дена. Она што ќе остане запишано во историјата е способноста на Украинците да пружат отпор, потенцира Борел.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Куртовски: ВМРО-ДПМНЕ се исплаши од пораз и избега од изборен дуел во Маврово Ростуше

Следно

ВИДЕО | Бреговиќ: Не бевме државен проект, за Тито свиревме 5 секунди

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian