Зеленски: Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои

1 min read

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи, каде рече дека милиони Украинци секој ден се докажуваат како херои.

„Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои. Некогаш – обични Украинци, а сега – борци“, рече Зеленски.

Тој рече дека мажите и жените застануваат во одбрана на државата. Насекаде: на југ, на исток, на север, во центар, на запад и во странство.

„Се креваат за да не верува непријателот дека е тоа реално“ – напиша тој, со слики на украински граѓани од улиците.

kurir.mk

Претходно

Привршува реконструкцијата на улицата Варшавска во Карпош

Следно

Сандра Булок призна за кој филм се кае што некогаш го снимила: Сè уште ми е непријатно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian