ВИДЕО: Трајковски ни донесе бод во Торино, Италија едвај триумфираше во Скопје

1 min read

Утре (четврток, 20.45 часот) пред полни трибини на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо македонската А репрезентација ќе игра против актуелниот европски шампион Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Ова ќе биде трет официјален натпревар помеѓу овие две селекции, претходно двапати ги одмеривме силите против Италијанците во рамките од квалификациите за пласман на СП 2018.

На 9 октомври 2016 година на нашиот најголем стадион во Скопје „Тодор Проески“ Италијанците потешко од очекувањата славеа со резултат 2:3.

Во 24 минута Белоти донесе предност за „азурите“, па во вториот дел за две минути направивме целосен пресврт со головите на Несторовски и Хасани. Имобиле израмни во 75 минута, а истиот играч во судиското надополнување (90+2`) го постави конечниот епилог.

Возвратната пресметка се играше во Торино на 6 октомври 2017 година кога направивме изненадување ремизирајќи 1:1. Кјелини во 40 минута се погрижи за позитива на домаќините, а во 77 минута после асистенцијата на Пандев, мрежата на Буфон ја затресе Трајковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гордон Ремзи: Пандемијата ги исчисти улиците од лошите ресторани, а гостите станаа многу помудри

Следно

Дупнатата брана „Липа“ нема старател!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian