ВИДЕО | Силјановска Давкова: Целиот изборен законик треба да се преиспита и да постигнеме консензус за сите аспекти

3 mins read

Предлог законот за воведување една изборна единица помина на Комисијата за политички систем иако имаше и пратеници со различни ставови во однос на овој предлог. Предлогот за една изборна единица помина со 11 гласа за, по што треба да следи и отворена јавна расправа за промена на овој модел.

-Комисијата за политички систем ќе покани експерти кои ќе дебатираат за изборниот систем, а вчера имаше согласност само за аспектот една изборна единица, вели проф. Гордана Силјановска Давкова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ за Утрински брифинг.

Павле Трајанов кој е еден од потписниците за воведување една изборна единица во образложението објасни зошто е потребно воведување на една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг. Според Трајанов, овој модел обезбедува поголема застапеност со своите влијанија на граѓаните отколку вака како што е сега кога имаме 6 изборни единици. Трајанов ввели дека на тој начин составот на парламентот ќе биде реален одраз на определбата на граѓаните, а помалите етнички заедници ќе бидат застапени во парламентот преку директно вклучување во изборниот процес без да бидат вклучувани во коалиции со големите политички.

Предлогот наиде на поддршка и од СДСМ, но се бара за тоа да има консензус од поголемиот дел од партиите. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го поддржуваат овој предлог и велат дека гласот на секој граѓанин треба да е еднаков и треба да тежи секаде исто.

-Со пропорционалниот систем полесно се отсликува мултикултурниот амбиент. Сега помалите партии бараат една изборна единица, а во такви услови пропорционалниот систем е најпропорционален. Така секој глас еднакво вреди, а апстиненцијата од гласање не влијае. Малите етнички заедници кои се дисперзирани низ Македонија ќе добијат можност да бидат застапени, вели Силјановска Давкова.

Таа додава дека Донтовиот модел има свои добри и лоши страни. Праг треба да има и има, тој е или зададен или е природен. Силјановска Давкова вели дека има многу повеќе држави кои имаат пропорционален модел, а помалку се една изборна заедница.

-Има триесетина други техники за пресметување наместо Донтовиот модел, и тоа е прифатливо но мора да има консензус меѓу партиите, вели таа. -Ние важиме за држава со фрагментирана партиска и парламентарна сцена, додава Силјановска Давкова.

Законскиот предлог е пратеник да се добие со гласови колку што ќе освои еден кандидат со најмал број гласови.

Против една изборна единица се ДУИ и Алијансата и тие инсистираат наместо 6 да има 8 изборни единици и со определен број гласови за освојување пратеничко место. Целиот изборен законик треба да се преиспита и во тоа сите се согласни.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трета најчеста болест во светот, а често не се лекува

Следно

Приведен дилер во Кочани, пронајден хероин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian